Kујнa M-5Кујната е срцето на секој дом. Тоа е место каде сите членови на семејството поминуваат одредено време и тоа неколку пати во денот било одделно или заедно.

Што треба да задоволи една добро дизајнирана кујна?

Тоа се три критериуми: дизајн, функционалност и квалитет.

Дизајнот или изгледот на кујната се прави согласно преференциите или вкусот на корисниците за да тие се чувствуваат пријатно за времето кое го минуваат во неа. Стилови или изгледи има многу , но кај нас главно се застапени два и тоа класичен изглед и модерен изглед . Класичниот изглед дава поголема топлина на домот и таму најчество се користат дрвни декори и потопли бои. Модерниот изглед се карактеризира со помодерни бои(висок сјај, плексигласи, инокси) , минимализам и повеќе асесоари.

Фукнционалноста или практичноста на кујната често е во конфликт со изгледот или дизајнот и тука треба да се посвети повеќе внимание за да добриот изглед не ја наруши фукнционалноста. Имено секогаш треба да се тргне од навиките и потребите на корисниците и да се внимава на триаголникот на движење во кујната (фрижидер, садопер, шпорет).Секое семејство има различни навики и потреби за складирање на намирници, користење на кујнски инвентар, подготовка на оброци, ужинки и пијалоци и обедување.

Кујна R

Складирањето на намирниците и кујнскиот инвентар значително се подобрува со користење на разни асесоари , организатории механизми. Веќе стандарно на секоја добра кујна се ставаат механизми за меко затварње на фиоките и вратите и многу други асесоари, организатори и механизми зависно од желбите и буџетот на корисниците. Асесоарите во модерните кујни земаат и значителен дел од цената на самата кујна слично како кога купувате автомобил, имате почетна верзија во која ако ги вградите сите екстри цената се крева 30%, 50 % или 80% од почетната.

Квалитетот на кујната зависи од употребените материјали и начинот на нивна обрабтотка, квалитеот на оковот и негово правилно монтирање на кујнските елементи како и од самиот дизајн. Добриот дизајн освен што води сметка за убав изглед на кујната, треба да предвиди и добар избор и распоред на кујнските елементи и оковот вграден во нив,за да не се случи поради одреден изглед некои елементи да не функционираат како што е планирано. Се на се,навидум едноставната, убава и фунционална кујна е производ на детално планирање и квалитетна изработка и монтажа која бара големо искуство и знаење од областа на внатрешен дизајн и производство на мебел.