slika 2Вграден плакар е плакар направен по мерка за одреден простор и овозможува максимално искористување на тој простор.Задолжително е направен од под до плафон и од ѕид до ѕид. Во случај кога неможе или не се сака плакарот да биде од ѕид до ѕид по должина на просторот, се изработува ѕид од гипскартон или од плочест материјал(материјал од кој е изработен и плакарот) на една или на двете страни и во тој простор се вргадува плакарот.

Вградените плакари имаат карактеристичен систем на лизгачки врати кој овозможува висина на вратата до 300 цм и ширина на вратата до 130 цм, но не поголема тежина од 80 кг по врата. Кај тежината на одредена врата особено треба да се внимава кога на целата врата се додава огледало, што значително ја зголемува тежината и во случај кога вратата е со големи димензии може да се надмине предвидената максимална тежина на системот. Вградените плакари се монтираат парче по парче на лице место и позадина на плакарот е самиот ѕид. Ова спречува создавање на затворени и недостапни места каде се собира прашина и се создаваат пајажини кои ги дишеме преку воздухот во просторијата каде е плакарот.

Се препорачуава фарбање на ѕидот кој е позадина на плакарот со фасадна боја поради полесно одржување, но и не мора. Најголема предност на вградените плакари е тоа што овозможуваат максимално искористување на одреден простор за складирање на ствари. Па така се изработуваат за детски и спални соби за складирање облека, ходници и претсобја за складирање на кондури и палта, канцеларии за складирање на документи и секаде каде се бара максимално искористување на просторот. Најчесто се прави на еден ѕид, но може да бидат и на два ѕида во форма на Г или три ѕида во форма на П.

slika-1-300x199За подобра организација и поголема ефикасност постојат многу асесоари како решетки за панталони, фиоки за џемпери или блузи, додаток за вратоврски, додаток на каиши, додаток за часовници и накит, светла во плакарот и многу други кои овозможуваат поефикасно складирање и поголема прегледност на стварите кои чуваат во плакарот. Во поглед на надворешниот изглед на вратите тие се големи и едноставни во просторот, може да бидат во која било боја согласно другите елементи во просторот, може да се стави огледало,стакло во боја, разни принтови, тапети и други детаљи со што ќе го добите саканиот изглед согласно вашите желби и потреби.

Па, искористувајте максимално !!!